Свет 17. јуни 2018. / 15:12

Земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтерова скала ја погоди Јапонија

Земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтерова скала ја погоди Јапонија

Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на градот Шибукава во префектурата Гума, во централниот дел на јапонскиот најголем и најнаселен остров Хоншу, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 20 километри.

Нема опасност од цунами, а јапонската државна телевизија НХК објави дека за сега нема податоци за поврдени луѓе или причинета материјална штета.