Свет 28. јуни 2018. / 14:48

Закажана средбата меѓу Трамп и Путин

Закажана средбата меѓу Трамп и Путин

Средбата помеѓу претседателите на САД и Руската Федерација, Доналд Трамп и Владимир Путин, ќе се одржи на 16 јули во Хелсинки.

Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп ќе се сретнат кај нордиската нација на 16 јули, потврди Кремљ. Денеска и Си-ен-ен и Фокс њуз објавија дека Хелсинки е избран за место на долгоочекуваниот самит.

Претходно советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, рече дека средбата веројатно ќе трае „неколку часа“, додавајќи дека исто така се закажани и работен појадок и други протоколарни настани. Советникот ја нарече средбата „главниот меѓународен настан ова лето“, со оглед на нејзиното значење за двете сили и за глобалната заедница.

Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, кој ја посети Москва во средата, рече дека „и покрај политичката бучава во САД“, директните комуникации меѓу Трамп и Путин се во „најдобриот интерес на нашата земја“.

Двајцата претседатели ќе разгледаат „цел куп прашања“ кога конечно ќе се состанат, вклучувајќи контрола на оружјето, наводното руско мешање на претседателските избори во 2016 година и повторното приклучување на Москва во Г-8, рече тој.