Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, по разговорите со претседателите на Русија и Азербејџан, Владимир Путин и Илхам Алиев, порача дека статусот на регионот Нагорно-Карабах останува нерешено прашање.
-За жал, овој конфликт останува нерешен. Се разбира, можевме да обезбедиме прекин на огнот, но има уште многу прашања што треба да се решат. Статусот на Нагорно-Карабах е едно од тие прашања – истакна Пашињан.
Пашињан посочи дека Ерменија е подготвена да ги продолжи разговорите во рамките на Минската група на ОБСЕ и дека во тие разговори може да се вметне и прашањето за спорниот регион.