Во германскиот град Штутгарт е упасен 28 – годишен Сириец , кој среде улица со меч уби 36- годишен маж.
Според германскиот весник Билд, убиецот и убиениот маж биле цимери . Убиениот е Германец со потекло од Казахстан , а мотивот за убиството засега не е познат.
Откако го убил цимерот со меч среде улица, Сириецот избегал од местото на злосторството со велосипед. Случаен минувач го снимил убиството.
Убиецот дошол во Германија пред четири години, а во полицијата е познат по кражби.