Свет 12. мај 2018. / 15:43

Воспитувачка им наредила на децата да каменуваат момче за да го казнат (ВИДЕО)

Воспитувачка им наредила на децата да каменуваат момче за да го казнат (ВИДЕО)

На интернет се појави видео кое покажува како воспитувачка им наредува на 6 деца на 4-годиша возраст да фрлаат камења на момче за да си ја „научи лекцијата“.

Застрашувачкото видео настанало во Форест сити во Арканзас, во април оваа година.

Полицијата соопштила дека добила меил со снимка на која се гледаат деца кои го каменуваат своето другарче по наредба на учителката. Видеото наводно го испратила друга воспитувачка, која сведочела на настанот.

Причината за ова наводно е тоа што момчето земало камен и го фрлило на под, па учителката им наредила на останатите деца да го каменуваат за да си ја „научи лекцијата“.