Јапонската нуклеарна централа Фукушима сé уште има повисока количина на радиоактивна вода, соопштија денеска јапонските власти.
Оваа вода сеуште не е доволно прочистена и бара дополнителен третман пред да се ослободи во океанот.
Третманот на водата може да ги отстрани сите радиоактивни честички, со исклучок на тритиум, за кој експертите велат дека е безбеден во мали количини, изјави компанијата за електрична енергија во Токио (TEPCO).
Студиите откриле дека водата сѐ уште содржи и други елементи. Повеќе од 80 проценти од 900.000 тони вода во објектот, складирани во контејнери, содржи радиоактивност над дозволените граници.
Компанијата соопшти дека ќе продолжи да ја третира водата понатаму, со цел да се избегне оштетување на животната средина, објави „АП“.
Експертите се уште дискутираат што да прават со вода, бидејќи рибарите и жителите се противат на нејзино испуштање во океанот.
Поради силен земјотрес и цунами што ја погодија Јапонија во март 2011 година, нуклеарната централа Фукушима беше тешко оштетена кога дојде до отварање јадрото на реакторот и истекувањето на радиоактивен материјал.
извор: Makfax