Свет 20. септември 2018. / 15:11

Во живо пренесувале силување на девојка – полицијата трага по нив

Во живо пренесувале силување на девојка – полицијата трага по нив

Полицијата трага по четири лица обвинети за групно силување на тинејџерка во францускиот град Тулуз.

Француската полиција во градот Тулуз трага по осомничените кои ја силувале 19-годишната девојка, кои сето тоа го снимиле и емитувале „Снепчет”. Силувањете се случило во неделата вечерта во паркот на ноќниот клуб „Балма“, пренесува „Франсинфо“.

Во видеото се слуша како жртвата вика за помош, а се слуша и најмалку еден од инволвираните мажи, кој му кажува на друг осомничен дека нема да го снима нападот, велејќи:

„Престанете да снимате, ова е силување…ова е силување,” што покажува дека биле свесни оти нападот не бил консензуален.

„Момци, секој да си го чека редот”, вели другнапаѓач во видеото додека другите се смеат.

Досега, според јавниот обвинител на Тулуз, ниту еден од мажите вклучени во силувањето не е идентификуван, но корисниците на Твитер шпекулираат за идентитетот и потеклото на осомничените. Напаѓачите кои се вклучени се соочуваат со 20 години затвор ако бидат прогласени за виновни за силување, но досега иследниците биле претпазливи велејќи дека нападот е јасно неконсензуален, но не расправале за можните обвиненија.

Инцидентот има впечатлива сличност со друго силување, кое беше емитувано преку Фејсбук во Шведска во јануари 2017 година. Мажите кои биле вклучени, од кои двајца биле баратели на азил, биле прекинати од полицајците за време на нападот и уапсени откако еден корисник на Фејсбук ја пријавил нивнмата активност на полицијата.

Реза Мохамед Ахмади (21) подоцна беше осуден на четири години затвор за силување, 18-годишниот Мејсам Афшар беше осуден на една година, а нивниот шведски соучесник Емил Ходаголи беше осуден на шест месеци по судењето во април минатата година година. Само неколку месеци по силување на „Фејсбук”, шведската полиција во Упсала уапси уште еден маж инволвиран во групно силување од банди што беше објавено на „Снепчет”.