Делови од западна Европа, особено во Велика Британија и Ирска кон крајот на јуни ги зафати топол бран кој во некои градови донесе и нови температурни рекорди.
И главниот град на Северна Ирска, Белфаст во четвртокот доби нов температурен рекорд. Измерени се 29,4 степени Целзиусови. Во градот Шанон во Ирска измерени се 32,0 степени Целзиусови, што е највисоката температура на било која локација во Ирска во последните 42 години.
Жештините во Велика Британија се проследени со екстремна суша. На подрачјето на Лондон и околината овогодинешниот јуни како најсушен. Паднало само 3,3 милиметри дожд.
Во некои делови од Велика Британија и Ирска и поради несвојствените жештини за овие земји, се топи и асфалтот од улиците.