Свет

Во воздушен напад на Сирија убиени над 35 лица

Во воздушен напад на Сирија убиени над 35 лица

Најмлаку 35 лица загинаа во напад врз бунтовнички станбен кварт во Сирија.

Сириската организација за човекови права јави дека во Сирија е извршен воздушен напад врз бунтовнички станбен кварт во кој загинале најмалку 35 лица, а биле повредени повеќе десетици, вклучувајќи и деца.

Сириската организација за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека нападите биле насочени кон селото Зардана во северозападната провинција Идлиб.

Известувачот од местото на настанот за новата француска агенција АФП изјави дека „во локалната болница се пријавиле десетици повредени, вклучувајќи жени, деца, постари лица, како и спасувачки волонтери“.

Воздушни напади во Идлиб се невообичаени во последниве неколку месеци.

Десетици илјади Сиријци, раселени од други делови на земјата, нашле живеалиште во Идлиб.