Свет 19. април 2020. / 22:15

Во водата со која се мијат улиците на Париз има траги од корона вирус

Во водата со која се мијат улиците на Париз има траги од корона вирус

Во водоводната мрежа на техничка вода во Париз, што служи за чистење на улиците, се откриени „незначителни траги“ на Ковид-19. Сепак, според градските власти „нема никакви ризици за водата за пиење“.

Лабораторијата на главната режија за вода на градот Париз, во последните 24 часа открила присуство на незначителни траги од вирусот Ковид-19 во мрежата на техничка вода на четири од 27 места каде што се земаат примероци за тестирање.

Пронаоѓањето на траги од вирусот веднаш ја наведе општината итно да го прекине користењето на водата, како мерка на претпазливост.

Од локалната власта тврдат дека со оглед на тоа што водата за пиење е во друга мрежа, целосно независна од техничката, во неа нема траги од вирусот Ковид-19 и може да се консумира без ризици.