Свет 11. април 2020. / 14:08

Во Велика Британија од корона вирус починале најмалку 19 лекари

Во Велика Британија од корона вирус починале најмалку 19 лекари

Министерот за здравство на Обединетото Кралство, Мет Ханкок, во саботата изјави дека земјата сè уште не го достигнала пикот од корона вирусот, затоа мерките за „заклучување“ сепак ќе треба да останат на сила.

Покрај тоа, Хенкок откри дека најмалку 19 припадници на Националната здравствена служба умреле од заболувањето предизвикано од корона вирусот досега, пренесува Гардијан.

Вчерашното ажурирање покажа дека островската земја регистрирала 980 смртни случаи и 5.195 нови случаи.

Поранешниот директор на Факултетот за јавно здравје, Џон Ештон, од друга страна, тврди дека тоа е само „врв на ледениот брег“, бидејќи сегашните бројки не вклучуваат смртни случаи регистрирани во домовите за нега и оние кои починале во своите домови