Свет 31. јануари 2021. / 19:54

Во услови на коронавирус: Во Лондон забава на брод, во германска шума забава со 200 луѓе

Во услови на коронавирус: Во Лондон забава на брод, во германска шума забава со 200 луѓе

Британската полицијапрекина забава на брод во западното предградие на Лондон и повеќе од 70 луѓе може да бидат казнети поради кршење на мерките, додека во Германија откриена е илегална забава на отворено со околу 200 луѓе.

Британија се обидува да го сузбие повторниот раст на бројот случаи со зараза од корона вируст за која делумно е виновен новиот сој. Во земјата на сила се мерки на затворање и забрането е дружење во големи групи. Вчастите се загрижени се премногу луѓе ги кршат правилата, поради што вирусот продолжува да се шири.

Полицијата соопшти дека синоќа прекинала забава на усидрен брод каде 72-ца може да бидат казнети со по 800 фунти. На организаторите им се заканува казна од дури 10.000 фунти.

Се забавувале и Германци

Германската полиција има исти проблеми. Тие прекинале илегална забава со околу 200 гости во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија.

Забавата на отворено кај поранешната постројка за лансирање ракети во шумата Билигер Валд ја организирал 23-годишник. Полицијата добила дојава дека се слуша гласна музика.

Бројни гости се разбегале низ шумата, а од полицијата најавија значителни казни. Големи собири се во спротивност на мерките кои во моментот се на сила.