Свет 01. ноември 2019. / 23:15

Во Турција уапсени две Русинки под сомнение дека се членки на Исламска Држава

Во Турција уапсени две Русинки под сомнение дека се членки на Исламска Држава

Турската полиција уапси две државјанки на Русија на границата со Сирија откако илегално влегле во земјата.

Двете жени се уапсени во пограничната провинција Килис под сомнение дека се членки на Исламска држава. Интерпол има издадено потерница по жените .

Со двете жени патувале и три деца.

Русинките се уапсени само неколку дена откако лидерот на Исламска Држава, Абу Бакр ал Багдади е убиен во северозападна Сирија во близина на границата со Турција во операција на американските специјални единици.