Свет 10. мај 2018. / 14:04

Во Турција уапсени десетици ,,Ѓуленисти”

Во Турција уапсени десетици ,,Ѓуленисти”

Турската полиција денеска во Измир уапси 65 лица поради сомнение дека се поврзани со мрежата која ја предводи имамот Фетулах Ѓулен, за кого Анкара тврди дека стои зад обидот за воен удар во јули 2016 година.

Најголем дел од приведените се поранешни припадници на военовоздухопловните сили.

Главниот обвинител во Измир издаде налог за апсење на 96 лица, а засега во 15 турски провинции се приведени 65 лица.
Во друга акција, издаден е налог за апсење на 93 лица вработени во училишта за кои се смета дека се поврзани со организацијата на Ѓулен.

Турција воведе вонредна состојба и почна масовни апсења по неуспешниот пуч во 2016 година. Досега се уапсени повеќе од 50 илјади лица, а 110 илјади се отпуштени од работа.