Свет 30. октомври 2019. / 15:32

Во Турција се уапсени 100 припадници на Исламска Држава коишто планирале терористички напад

Во Турција се уапсени 100 припадници на Исламска Држава коишто планирале терористички напад

Шефот на турската полиција Мехмет Актас соопшти дека во рации против терористичката група Исламска држава се уапсени 100 луѓе коишто планирале изведување напад.

Актас информира дека осомничените биле уапсени во 26 рации, изведени во 21 провинција.

Тој информираше дека нападот што го подготвувала групата требало да се совпадне со прославите поврзани со одбележувањето на 96-годишнината од основањето на Турската Република.

Турција ги зајакна безбедносните мерки по смртта на лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади во американска воена операција во Сирија.