Свет 09. јули 2018. / 19:22

Во Турција катастрофа – 24 загинати, 338 повредени во железничката несреќа (ВИДЕО)

Во Турција катастрофа – 24 загинати, 338 повредени во железничката несреќа (ВИДЕО)

Бројот на загинатите лица во железнилката несреќа во Турција се искачи на 24, додека повредени се 338 луѓе.

Спасувачка мисија заврши утрово и сите повредени се однесени во болница.

Пет вагони од патнички воз вчера излетаа од шините во провинцијата Такирдаг во северозападна Турција, во близина на грницата со Грција.

Возот тргнал од Истанбул, а несреќата се случила во близина на селото Сарилир.

Причините за несреќата засега официјално не се соопштени, но според телевизјата Си-Ен-Ен Турк, таа била предизвикана при уривање на мост.