Свет 24. октомври 2018. / 17:47

Во тек е евакуација на просторииte на Си-ен-ен и Тајм Ворнер во центарот на Њујорк

Во тек е евакуација на просторииte на Си-ен-ен и Тајм Ворнер во центарот на Њујорк

Откако денес беа пресретнати сомнителни пакети со експлозивни направи испратени до Хилари и Бил Клинтон, Барак Обама и Белата куќа, американските медиуми објавија дека во се тек евакуации на седиштето на Си-ен-ен и Тајм Ворнер центарот во Њујорк.

Репортер на Си-ен-ен на Твитер напишал дека просториите на таа медиумска куќа се евакуираат, објави „Ројтерс“.

Британската агенција повикувајќи се на Си-ен-ен, информира дека евакуација е во тек и во Тајм Ворнер центарот, кој го чинат два мултифункционални облакодера, наводно поради сомнителна направа.