Свет 28. јуни 2018. / 17:51

Во Шпанија нов случај на групно силување девојка

Во Шпанија нов случај на групно силување девојка

,,Не ги пуштајте силувачите на слобода” , извикуваа демонстрантите ширум Шпанија по новиот случај на групно силување.

Четворица мажи и момче се притворени под обвинение дека силувале девојка во туристичкото место Гранд Канарија .Групата е наречена ,,Нова волчја глутница” , според бандата која пред две години во Памплона силуваше 18 годишна девојка и се спаси од обвинението.

Оваа група со кауција е пуштена на слобода минатиот петок , и покрај негодувањето и шокираноста на јавноста. Новата група силувачи се притворени во Лас Паломас, но полицијата не открива детали. Групата насилници од Канарските острови , како и нивните претходници од Памплона , го снимале изживувањето врз девојката , а потоа фотографиите и видеата ги споделувале на социјалните мрежи.

Истрагата утврдува дали девојката претходно била дрогирана од мажите. За јавноста , овој напад е директна последица на пуштањето на силувачите во претходниот случај , кои поминаа само со обвинение за насилство, наместо да бидат осудени за силување со затворска казна од по девет години.