Неколку лица се повредени во Даблин , Ирска , кога автомобил влета во погребната колона пешаци. Инцидентот се случил пред црквата во Даблин , каде требало да се изврши погребот.
Погребот бил одложен за подоцна , а повредените се пренесени во болница. Се верува дека на возачот му се слошило и изгубил контрола , информираат ирските медиуми.