Свет 16. септември 2018. / 20:37

Во Париз и Брисел денеска ,,Ден без автомобили”

Во Париз и Брисел денеска ,,Ден без автомобили”

Улиците на Париз и Брисел денеска се затворени за автомобили и моторцикли по повод четвртиот по ред „Ден без автомобили“.

Во Париз денеска од 11.00 до 18.00 часот, по локално време, улиците се резервирани само за пешаци и за возила наменети само за итни случаи. И на таксистите им е дозволено да возат, но си ограничена брзина од 30 километри на час. Во периферијата на Париз сообраќајот се одвива нормално.

Целта на мерката е јавниот простор да се направи помалку загаден, попријатен и помирен.

Градоначалниците на Париз и Брисел, Ан Идалбо и Филип Клоз вчера предложија да биде воведен и европски ден без автомобили еднаш годишно.