Свет 02. февруари 2021. / 18:15

Во Оклахома убиени шест лица, од кои пет се деца

Во Оклахома убиени шест лица, од кои пет се деца

Шест лица, од кои пет деца, се убиени денеска во американската сојузна држава Оклахома, соопшти полицијата.

Според полицијата, по трагедијата е приведено едно вооружено лице.

Пукањето било пријавено во полиција околу 1,30 часот по локално време во градот Маскоги, на околу 72 километри од Тулса, пренесе телевизијата Еј-Би-Си Њуз.

На местото на настанот, полицијата пронашла едно лице со пиштол, како и тела на маж и четири деца.

Петто дете починало подоцна во болница во Тулса. Жена со повреди опасни по животот, исто така, е пренесена во болницата, додаде полицијата.

Надлежните служби се уште не го откриваат идентитетот на уапсеното лице или објавуваат детали за убиените.