Свет 14. март 2019. / 10:01

Во Њујорк убиен е мафијашкиот “бос„ од фамилијата Гамбино

Во Њујорк убиен е мафијашкиот “бос„ од фамилијата Гамбино

Пред својата во куќа во Њујорк, убиен е мафијашкиот “бос„ од фамилијата Гамбино, Франческо Кали, познат како Френки Бој, соопшти полицијата.

Во 53-годишниот Кали, во вечерните часови биле успукани шест куршуми. Потоа напаѓачот го прегазил со возилото и избегал. Во тоа време спругата и децата на Кали биле во куќата.

Инаку, Франческо Кали е прв нарко-бос убиен во Њујорк, откако Џон Готи нарача убиство на тогашниот шеф на кланот Гамбино, Пол Кастелан. Фамилијата Гамбино е една петте водечки мафијашки фамилии во Њујорк.