Бројот на загинати во лавините, што го погодија источниот дел на Турција, е зголемен на 39 луѓе, откако спасувачите пронајдоа тело на уште едно лице.
Спасувачките екипи со помош на специјално обучено куче го пребаруваат теренот во провинцијата Ван, во потрага по исчезнати лица. Најмалку две лица се водат како исчезнати.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коча изјави дека 47 луѓе се уште се хоспитализирани, од кои шестмина се наоѓаат на интензивна нега, но никој не е во животна опасност.