Свет 12. септември 2018. / 11:14

Во Каталонија протести, илјадници Каталонци бараат независност

Во Каталонија протести, илјадници Каталонци бараат независност

Стотици илјади граѓани вчера се собраа на улиците во повеќе градови во Каталонија со барање за независност од Шпанија и ослободување на нивните функционери од затвор.

Официјалниот слоган на протестот гласи „Да направиме Република Каталонија”, а демонстрантите замолкнаа во 17:14, во спомен на 1714 година кога Барселона падна под влијание на шпанските сили.

Толпата извикувaше „независност” и „слобода”, а демонстрантите ја соборија и огромната карта на кралот, кој се толкува како обединување на шпанската монархија.

Полицијата во Барселона по протестот процени дека околу еден милион луѓе излегле на улиците, а организаторите најавија дека околу 470.000 луѓе се пријавил преку интернет за учество во протестот.

Протестот беше организиран речиси една година по референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија. Од тогаш каталонските лидери и активисти кои го организираа референдумот или чекаат судење во затвор или ја напуштија земјата.