Туристите и локалците можат да бидат казнети со казна од 150 до 500 евра доколку јадат на тротоар или седат на работ од тротоарот, во италијанскиот град Фиренца.
Од 6 јануари ќе важи нов закон со кој се забранува јадење на одредени улици и плоштади, од 12:00 – 15:00 и 18:00-22:00 часот.
Забраната е ставена на улиците и плоштадите околу т.н. „панини место“ – место каде што има најмногу сендвичари и ресторани за брза храна и каде туристите најчесто доаѓаат
Постерите кои веќе се закачени насекаде низ Фиренца предупредуваат дека е забрането да се шета или да се јаде секаков вид на храна на тротоарите, продавниците или праговите на кучите на улиците „Via de’Neri“, „Via della Ninna“, „Piazzale degli Uffizi“ и „Piazza del Grano“.
Забраната доаѓа откако граѓаните побараа од властите да преземат акција против туристите кои јадат и оставаат хаос по себе.
Постерите ги покануваат туристите да ги „почитуваат жителите, трговците и работниците на овие улици”.