Свет 21. мај 2020. / 16:02

Во етнички судири во Јужан Судан убиени над 300 луѓе

Во етнички судири во Јужан Судан убиени над 300 луѓе

Најмалку 300 луѓе се убиени во новите судири меѓу етничките заедници во Јужен Судан.

Како што соопштија официјални лица, десетици куќи се уништени во судирите, а исто така, ограбени се и магацини на хуманитарни организации, а киднапирани се жени и украден е добиток.

Меѓу убиените имало тројца хуманитарни работници.

Најновите судири избувнаа во саботата меѓу пасторалистите, кои претежно се одгледувачи на добиток и земјоделците на североистокот на земјата.

Иако договорот за ставање крај на шестгодишната граѓанска војна беше потпишан во февруари, помали судири избувнаа спорадично, при што, од тогаш до мај, загинаа околу 800 луѓе.