Свет 28. јуни 2018. / 16:15

Во буре е најдено мртво тело на девојка, полицијата трага по осомничениот убиец

Во буре е најдено мртво тело на девојка, полицијата трага по осомничениот убиец

Осомничен убиец е во бегство и полицијата на Квинсленд трага по него, откако мртвото тело на тинејџерка беше најдено во буре што тој го превезувал. Полицијата предупредува дека осомничениот е „најверојатно вооружен и потенцијално опасен“.

Детективите изјавија дека Златко Сикорски (34) има пристап до оружје и претставува ризик за околината, повикувајќи ги граѓаните ако го видат да се обратат на службите и да не се обидуваат да контактираат со него.

Полицијата трага по Сикорски откако неговото возило вчера беше оставено во станбен комплекс во Стејпилтон, јужно од Бризбејн, а внатре беше најдено буре со останки од тело во распаѓање што беше идентификувано како 16-годишната Лариса Бејлби кој се водеше за исчезната од 15 јуни.

„Уште не знаеме во каква врска биле жртвата и осомничениот. Засега знаеме дека Сикорски преставува ризик за околината и сметаме дека има пристап до оружје“, рече полициски извор.

Локален жител за ААП изјави дека осомничениот е белец, со видливи тетоважи на вратот. Тој го видел како поминува со возилото изрешетено со дупки од куршуми, а назад превезувал буре од кое „висела рака“.

Сикорски е осомничен за убиството на Бејлби, а ѝ е познат на полицијата од претходно бидејќи е осудуван за грабеж и изнудување.

Во септември, 2016 година се изјаснил за виновен по 14 обвиненија и добил затворска казна од пет години. Веќе имал поминато 594 дена во притвор што му биле пресметани во казната и во октомври, 2016 веќе се квалификувал за условно пуштање од затвор.