Свет 09. јануари 2021. / 13:16

Властите пронајдоа остатоци од исчезнатиот авион на Сривиџава Ер

Властите пронајдоа остатоци од исчезнатиот авион на Сривиџава Ер

Индонезиските власти во саботата известија дека се пронајдени остатоци за кои се сомневаат дека припаѓаат на исчезнатиот лет Сривиџава Ер SJ182.

Авионот, во кој имало 56 патници и 6 члена на екипажот, исчезнал од радарот неколку минути по полетувањето.

Податоците покажаа дека авионот се спуштал на повеќе од 10.000 стапки за помалку од една минута пред да исчезне над морето Јава.