Од обидот за државен удар во Турција пред три години од училиштата и библиотеките уништени се над 300.000 книги, соопшти Министерството за образование.
Како што пишува британски „Гардијан“, режимот вели дека урива се што има врски со Фетулах Ѓулен, муслимански проповедник кого Анкара го обвинува за обид за државен удар.
Турскиот министер за образование минатата недела објави дека се уништени 301.878 книги, бидејќи Владата уништува се што има врска со Ѓулен.
Тој податок прв го изнесе весникот „Хуриет“ со фотографии од запленети и запалени книги, кои ги објавил сајтот „Кронос27“.
Според извештаите, улиците со името на Ѓулен во Анкара исто така се променети.