Свет 17. август 2018. / 16:26

Високиот суд во Турција денеска ја одби жалбата – пасторот Брансон останува во притвор

Високиот суд во Турција денеска ја одби жалбата – пасторот Брансон останува во притвор

Високиот суд во Турција денеска ја одби жалбата за ослободување на американскиот пастор Ендру Брансон од домашен притвор, јавија турски медиуми.

По објавувањето на таа вест во Турција, лирата која загуби 40 отсто од почетокот на годината, намали вредност под 6,21 за долар од претходните 6,04 лири за долар.

Судот во Измир пред два дена исто така одби жалба за негово ослободување поднесена од адвокатот на пасторот.

Министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин претходно соопшти дека се можни нови санкции по неодамнешните за двајца високи официјални претставници на Турција поради апсењето на американскиот свештеник, кој е обвинет за шпионажа и пружање поддршка на терористи.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак истакна дека Турција не се покажала како добар пријател на САД.

Тој синоќа на Твитер напиша дека САД нема да платат за ослободување на недолжен човек, но оти ќе продолжат да вршат притисок врз Анкара.

Претходно САД двојно ги зголемија царините на челик и на алуминимум од Турција, по што следуваше реакција на Турција со значитетелно зголемување на царините за некои американски производи.

Брансон (50) е главна причина за дипломатски спор меѓу САД и Турција поради што САД воведоа санкции и замрзнаа имот на двајца турски министри, но и зголеми царини за увоз на челик и алуминиум од Турција. Турција одговори со воведување двојно повисоки царини за производи од САД.