Свет 19. јануари 2020. / 11:04

(ВИДЕО) Жестоки судири помеѓу жолтите елеци и полицијата на протестите во Париз

(ВИДЕО) Жестоки судири помеѓу жолтите елеци и полицијата на протестите во Париз

Француската полиција употреби солзавец против жолтите елеци во Париз и уапси 59 лица кои протестираат против Владата на претседателот Емануел Макрон.

Полицијата употрени солзавец и шок бомби, додека илјадниците демонстранти фрлаа камења и разни предмети врз полицајците.

Демонстрантите извикуваа пароли проти Макрон поради реформите на пензискиот систем.

Видео-снимката емитувана од француските медиуми на која се гледа апсење на момче чие лице е прекриено со крв предизвика бес кај демонстрантите, кои извикуваа „Макрон, доаѓаме по тебе во твојата куќа“ и „Улицата е наша“.

Во петокот вечерта Макрон и неговата сопруга Брижит беа евакуирани од едне париски театар, откако демонстрантите упаднаа и ја прекинаа претставата.