Свет 24. мај 2020. / 21:45

(ВИДЕО) Жесток судир на полицијата и демонстрантите во Хонгконг, стотина уапсени

(ВИДЕО) Жесток судир на полицијата и демонстрантите во Хонгконг, стотина уапсени

Најмалку 120 лица се уапсени денеска за време на протестите против предлог-законот за национална безбедност на Хонгконг.

Според весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“, околу 40 од уапсените демонстранти се обиделе да постават барикади.

Неколку илјади луѓе излегоа нa улиците на Хонгконг во знак на протест поради предлог-законот, кој, според нив, претставува опасност за граѓанските слободи и принципот „една земја, два система“.

Во обид да ги растера, полицијата употреби солзавец против антивладините демонстранти.

Предлог-законот за национална безбедност на Хонгконг предвидува забрана за отцепување, мешање на странски земји, тероризам и сите други сепаратистички активности насочени кон соборување на централната власт и странско мешање во внатрешните работи на поранешната британска колонија.