Свет 06. јули 2019. / 09:35

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди Калифорнија

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди Калифорнија

Јужна Калифорнија ја погоди силен земјотрес со јачина од 7.1 степени по Рихтер, околу 3 часот по средноевропско време.

Епицентарот на земјотресот е во близина на градот Риџерст, околу 240 милји североисточно од Лос Анџелес.

Си-Ен-Ен известува дека оваа област има била погодена од повеќе од 1400 потреси во последните два дена.

Како што пренесе Си-Ен-Ен, во градот имало материјална штета, а неколку лица биле повредени. Луѓето во паника бегаа на улиците, оштетени се куќи, згради и јавни објекти.

Пожарникарите известуваат дека неколку земјотреси се случиле во градот по земјотресот, но сега е се под контрола. Поради земјотресот во Лос Анџелес, во некои делови од градот имаше прекин на електричната енергија.

Луси Џонс, Калифорниски сеизмолог (CalTech), изјави дека земјотресот е најсилен во регионот од 1999 година.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њус ја одобри можноста за прогласување на вонредната состојба, а тоа го стори градоначалникот на погодениот град Ридкрест , Пеги Бреден.