Свет 25. декември 2019. / 20:07

(ВИДЕО) Вулканот Попокатапетл почна да исфрла пепел

(ВИДЕО) Вулканот Попокатапетл почна да исфрла пепел

Властите во Мексико објавија жолта тревога за опасност, откако вулканот Попокатепетл повторно се активираше и почна да исфрла пепел.

– Од 04:21 часот имаше емисии од пепел и вулканска гас на височина до еден километар, кои се распрснати кон југоисток, а фрагменти од блескави камења беа забележани во радиус од 900 метри – се вели во соопштението на Националниот координативен центар за одбрана на земјата.

Во врска со новата активност на вулканот, објавена е жолта тревога, но тоиа не подразбира евакуација или прекинување на работата на луѓето во областа на вулканот.