Свет 12. август 2020. / 18:15

(ВИДЕО) Воз излета од шина во Шкотска: Дим на сите страни, на лице место и хелихоптер

(ВИДЕО) Воз излета од шина во Шкотска: Дим на сите страни, на лице место и хелихоптер

Службите за итни случаи се испратени на локација во близина на Стоунхаун, Шкотска, каде возот излета од шините. Околу 30 амбулантни возила и медицински хеликоптер се на лице место, а екипите сè уште пристигнуваат, јавуваат британските медиуми.

Чадот се крева на местото на настанот.Засега е непознато дали има повредени.

Невремето проследено со грмежи и пороен дожд предизвикаа поплавување и нарушување на сообраќајот во многу делови на централна и источна Шкотска.