Турските власти евакуираа стотици мигранти кои чека на границата кон Грција, во надеж дека ќе стигнат до Европа во време на пандемија, извести турската државна агенција „Анадолија“.
Мигрантите кои чекаа на граничниот премин во провинцијата Одрин беа пренесени со автобус до државните пансиони каде што ќе бидат ставени во карантин, јави „Ројтерс“.
Πред да започне отстранувањето на бегалците и мигрантите турските власти ги запалиле шаторите во близина на границата.
Reports that the #Turkey police set fire to the immigrant tents for them to clear out #Evros #Greece #GreekBorders #IStandWithGreece #HoldTheLine pic.twitter.com/CYNLVgXz2I
— Robert Lagueux (@BobLagueux) March 27, 2020
По истекот на карантинот, тие ќе бидат префрлени во други региони на Турција, соопшти турската агенција.
Анадолија не извести за точната бројка на мигрантите што биле пренесени од границата, но околу 2.000 престојувале во импровизиран камп близу границата.
Во Турција до сега има 75 смртни случаи од Ковид-19 а 3.629 се заразени.
Засега не е познато дали некои мигранти кои беа на границата со Грција биле заразени со вирусот.
Грција го поздрави развојот како важна работа за Грција и Европа, ја пофали можноста на властите да ги зачуваат копнените и морските граници.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, говорејќи на телеконференциска врска со министрите за состојбата на границата, рече дека грчките власти утврдиле дека импровизираниот логор се чини дека е демонтиран и дека оние што биле на границата со еврозоната се преместени.