Повторно тепачка во украинскиот парламент. До тупаниците и туркањата меѓу пратениците, како што пренесуваат украинските медиуми, дошло поради плаката на која се наоѓал украински политичар наречен „Путинов агент“.
Туркањето меѓу двајца пратеници многу брзо прераснало во општа физичка пресметка. Тупаници летаа на сите страни, а седницата беше прекината.
Не е прв пат да има тепачка меѓу украинските пратеници во Собранието.
Вчера имаше сличен инцидент и во албанскиот парламент, кога премиерот Еди Рама додека беше на говорница, беше гаѓан со јајца. Пратеникот кој го гаѓаше Рама со јајца, доби 10 дена забрана да присуствува на седница.