Свет 04. ноември 2019. / 11:43

(ВИДЕО) Тројца загинати при напад на демонстранти врз иранскиот конзулат во Ирак

(ВИДЕО) Тројца загинати при напад на демонстранти врз иранскиот конзулат во Ирак

Ирачките власти соопштија дека загинале тројца, а повредени се 19 демонстранти при напад врз Конзулатот на Иран во Карбала.

Помеѓу повредените седуммина се полицајци.


Десетина демонстранти го нападнаа Иранскиот конзулат со молотови коктели, подметнаа пожар и го заменија иранското со ирачко знаме.


Протестите ширум Ирак почнаа на 1 октомври поради корупцијата, високата стапка на невработеност и лошата јавна управа, а досега загинаа над 250 луѓе.