Свет 29. април 2020. / 14:34

(ВИДЕО) Специјалист од Њујорк порачува: Колку порано во болница, толку подобро

(ВИДЕО) Специјалист од Њујорк порачува: Колку порано во болница, толку подобро

Американскиот специјалист пулмолог, д-р Ричард Левитан, кој работи на итни случаи во болница во Њујорк, смета дека е неопходен радикален пресврт во пристапот кон болните од Ковид-19.

Според д-р Левитан, кој за успешни резултати во борбата со корона вирусот е неопходна строга лекарска контрола на нивото на кислород во крвта и оксигенизација во раната фаза на болеста.

Во интервју за „Аманпур енд компани“ (Amanpour and Company), д-р Левитан објаснува дека оние на кои им е дијагностициран Ковид-19 треба што порано да се пријават во болница.

Според него, чувството на недостатиг од здив, што вообичаено се смета за индикатор дека состојбата е влошена, е субјективно, затоа што е можно пациентот веќе да развил воспаление на белите дробови. Затоа, колку порано под лекарска контрола, толку подобро.

Д-р Левитан предлага широка употреба на пулсоксиметрите кои го покажуваат нивото на кислород во крвта, кое доколку е паднато зборува за потребата од ургентно болничко лекување. Тој укажува и на проблемите поврзани со употребата на механичка вентилација.