Напаѓач во популарното туристичко место Јераш, во северниот дел на Јордан, избодел осум лица, меѓу кои четворица странски туристи и нивниот водич.
Јорданскиот министер за здравство Фајез Џабер изјави дека се повредени тројца државјани на Мексико, еден Швајцарец и четворица граѓани на Јордан.
Локалните медиуми објавија дека напаѓачот, пред да биде уапсен, повредил и еден полицаец.
#فيديو طعن 3 سياح اسبان ورجل أمن في مدينة #جرش الأردنية واعتقال الفاعل pic.twitter.com/a075rbFN8h
— وكالة شهاب (@ShehabAgency) November 6, 2019
Повредените веднаш биле префрлени в болница, а двајца од нив се наоѓаат во критична состојба и се пресени со хеликоптер во главниот град Аман, оддалечен 60 километри од местото на инцидентот..
Нападот се случил во археолошкото место Јераш, познато по добро зачуваните остатоци од римските градови.
Засега не се соопштени никакви детали за напаѓачот.