Протестите за убиството на Џорџ Флојд веќе седум дена продолжуваат во Америка, а како и претходните денови, вознемирувачки сцени можеле да се видат синоќа. Покрај демонстрантите, во понеделникот, во државата Њујорк, жртви беа и полицајци.
Во првото видео снимено во Бронкс, едно лице прегазило полицаец со автомобил, а тој летнал во воздух поради силата на ударот и паднал меѓу автомобилот што удрил во него и друг автомобил во движење.
Возачот побегнал од местото, а медиумите објавија дека полицаецот ќе преживее, но е во критична состојба.
Исто така во државата Њујорк, во градот Бафало, двајца полицајци се повредени кога автомобил влетал помеѓу полициските службеници.
Just happened: a protest in a car run over a group of cops in Buffalo NY…Some of them might be dead
#BlackLivesMatter #protests2020 pic.twitter.com/UraxbRhMuV
— Yousef NH (@YousefNH2) June 2, 2020
Едниот од нив се здобил со сериозни повреди, но неговиот живот не бил загрозен, додека другиот е во стабилна состојба, соопшти полицијата.
Од другата страна на земјата, во Лас Вегас, полицаец бил застрелан во главата откако се борел со еден од осомничените, кога некој му пристапил одзади и пукал во него.
Еден член на полицијата е сериозно ранет и сега е поврзан со апарати за животна поддршка на Универзитетскиот медицински центар. Осомничениот е идентификуван и приведен, јави Би-Би-Си.