Свет 14. август 2018. / 15:10

(Видео) Снимка од моментот кога автомобилот удира во бариерата на британскиот парламент

(Видео) Снимка од моментот кога автомобилот удира во бариерата на британскиот парламент

Возачот на автомобилот кој утринава удри во бариерата околу зградата на британскиот парламент во Лондон е осомничен за тероризам, соопшти полицијата. „Осомничениот одбива да соработува со полицијата“, соопштено е од Скотланд Јард, „и сѐ укажува дека се работи за намерно дело“

Уапсениот е во дваесеттите години, а покрај него во возилото немало никој друг.

Голем број очевидци кажале дека сребрениот Форд фиеста намерно прегазил преку пешаците и велосипедистите додека се префрлал во спротивната лента.

На снимката објавена од Би-би-си се гледа моментот кога автомобилот вози преку пешачкиот премин пред да се забие во безбедносната бариера. Може да се види како еден полицаец скока преку друга бариера за да избега од патот.

Две лица се повредени кога автомобил Форд фиеста удри во заштитната бариера кај парламентот. Повредените се вон животна опасност.

Камерата од покривот го снимила момент кога се случил инцидентот.