Свет 28. декември 2019. / 20:00

(ВИДЕО) Синдикатите и жолтите елеци заедно на протести во Франција

(ВИДЕО) Синдикатите и жолтите елеци заедно на протести во Франција

Синдикатите и жолтите елеци одржаа собири во Амиен, Лион, Ница, Нанси, Париз и во други француски градови во знак на протест поради пензиските реформи. Истовремено продолжи штрајкот во јавниот превоз.

Штрајкот во транспортот, кој трае вече 24 дена, сериозно ги нарушува плановите на Французите за заминување или враќање од одмор за време на божиќните празници.


Неколку синдикати повикаа на протести денеска, на кои им се придружија и жолтите елеци, особено во главниот град на Франција.

Забележани се судири меѓу жолтите елеци и полициските сили, а употребен е и солзавец.


Засега не се очекува решение на социјалниот конфликт за реформата во пензискиот систем, имајќи предвид дека Владата веројатно ги одолговлекува преговорите, кои се закажани дури за 7 јануари, надевајќи се дека бројот на демонстрантите ќе се намали, а јавноста ќе се сврти против нив поради блокадите во сообраќајот.