Свет 05. ноември 2019. / 11:23

(ВИДЕО) Силен земјотрес регистриран во Чиле

(ВИДЕО) Силен земјотрес регистриран во Чиле

Силен земјотрес е регистриран во Чиле, а последиците се почувствувни и во главниот град Сантјаго.

Засега нема податоци за евентуално повредени лица или причинета штета при земјотресот со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала.


Епицентарот на земјотресот бил југозападно од Илапела, на длабочина од 49 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во другите градови во централниот дел на Чиле.