„БиБиСи“ добија пристап до одделот за интензивна нега на главната болница во Лондон, при што можеше да заблежи како медицинскиот персонал ги третира болните пациенти заразени со корона вирус, коишто во најсериозна здравствена состојба.
„University College Hospital“ има една од најголемите установи за интензивна нега во Велика Британија.
Овој специјален извештај го направи медицинскиот коресподент Фергус Волш и снимателот Адам Вокер.
– Ова е комплетно незамисисливо, а сѐ уште го немаме достигнатот пикот. Сите пациенти кои ги третираме тука имаат Ковид-19 – вели еден од лекарите.
Како што вели медицинскиот персонал, секојдневно некоја од битките ја добиваат, а некоја ја губат. Сите пациенти кои во интезивната нега се со тешка клиничка слика.
– Очекуваме многу повеќе пациенти, меѓутоа не станува збор на бројот на пациенти, туку за брзината со која пристигнуваат и во каква здравствена состојба се наоѓаат – вели лекарот на видео снимката.
Медицинските лица велат дека досега немаат видено вакво нешто и во толку кратко време. Се обидуваат на сите да им ја дадат потребната нега и дека работат со часови со цел да го покријат и недостатокот на персонал.