Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ѝ се обрати на јавноста по гласањето за отповикување во Претставничкиот дом на Конгресот, повторно осудувајќи го насилството во Капитол, со порака дека сите што учествувале во немирите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Сепак, Трамп не кажа ниеден збор за одлуката на Претставничкиот дом за неговото отповикување.
Во видео порака, објавена на Твитер профилот на Белата куќа, Трамп ги повика Американците да ги смират страстите и да се обединат со помирлив тон.
— The White House (@WhiteHouse) January 13, 2021
„Никој од моите вистински поддржувачи никогаш не можеше да поддржи политичко насилство. Никој од моите вистински поддржувачи не може да не ја почитува примената на законот или нашето големо американско знаме. Ако направите нешто од тоа, не го поддржувате нашето движење, туку го напаѓате и ја напаѓате нашата земја. Не можеме да го толерираме тоа“, рече Трамп во петминутно обраќање.