Свет 03. април 2020. / 10:08

(ВИДЕО) Протест на здравствените работници во Богота поради доцнење на платите

(ВИДЕО) Протест на здравствените работници во Богота поради доцнење на платите

Болничарите, лекарите и медицинските сестри излегоа на улиците наглавниот град на Колумбија, Богота за да ги поддржат колегите и да протестираат поради доцнењето на платите среде пандемијата на Ковид-19.

Во придружба на полицијата, здравствените работници застанаа пред клиниката на северот на градот за да им аплаудираат на колегите кои работат таму.

Здравствените работници протестираат и поради тоа што граѓаните не го почитуваат 19-дневниот карантин воведен од државата, што треба да трае до 13 април, без да наведат дали истиот ќе биде продолжен.

– Многу е тешко да се борите сами. Тешко е кога ќе видите дека заедницата не соработува, кога гледате граѓани како одат по улиците без заштита – вели еден од демонстрантите, пренесува Танјуг.

Медицинската сестра Андрес Мерчан вели дека е должност на здравствените работници да им помагаат на другите, но дека некој треба и ним да им помогне.

Иако колумбиската Влада објави дека ќе бидат уплатени повеќе од 1,47 милијарди долари за борба против корона вирусот, вработените велат дека парите не стигнале до работниците.

Бараме од Владата да ни помогне, луѓето да бидат платени, рече Мерчан.

Во Колумбија се потврдени повеќе од 1.000 случаи на корон авирус, од кои 17 луѓе починаа.