Ќерката на пратеничката во мексиканскиот Парламент Кармен Медел Палма, по грешка била убиена.
Пратеничката на сред седница дознала дека нејзината 22-годишна ќерка, студентка по медицина, е убиена со девет куршуми.
Според тамошните медиуми убиството било грешка. Девојка со сличен изглед, која оди во истата теретана, е идентификувана како член на криминална банда и дека таа била вистинската мета, а не ќерката на пратеничката.
Две лица се уапсени поради убиството.