Свет 17. септември 2018. / 23:01

(Видео) Пожар на паркинг пред трговски центар во Њу Јорк

(Видео) Пожар на паркинг пред трговски центар во Њу Јорк

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат дека неколку возила изгореле во пожарот.

Противпожарната служба објави на „Твитер“ дека во пожарот повредени се 3 цивили и 18 пожарникари, но дека никој не е загрозен, туку дека се наголтале чад.