Свет 31. октомври 2020. / 22:00

(ВИДЕО) Полициска рација во Париз, на земја построени луѓе кои не носат маска во јавниот превоз

(ВИДЕО) Полициска рација во Париз, на земја построени луѓе кои не носат маска во јавниот превоз

Во Франција  стапија на сила нови ограничувачки мерки со цел да се сузбие епидемијата, а претседателот Емануел Макрон рече дека тие ќе бидат ублажени кога бројот на заразени лица ќе се спушти на 5.000 лица на ден.

Српските медиуми објавуваат дека мерките се спроведуваат ригорозно и дека  видеото подолу, наводно претставува голема рација на француската полиција во париското метро.

Полицијата ги вади од метрото  луѓето  кои не носат маски  и ги наредија да лежат на земја.

Сепак, српските медиму пишуваат дека нема потврда дека видеото е вистинито.